Алба Берлин и Валенсија во финалето на Евро Купот

Алба Берлин и Валенсија во финалето на Евро Купот

March 23, 2019 0 By Admin

Екипите на Алба Берлин и Валенсија ќе се сретнат во финалето на кошаркарскиот Евро Куп.

Германскиот претставник вечерва во Андора успеа да направи “брејк” и не дозволи мајсторка во Берлин ( 81-87).

Во второто полуфинале Валенсија исто така беше максимална против руски Уникс Казањ. Во првиот меч беа подобри со 69-64, додека на гостувањето во Русија благодарение на разиграниот Ван Росом кој забележа 15 поени, 3 асиситенции и 2 скока, Шпанците ја остварија и втората победа со резултат 73-79.

Победникот во финалето, следната година ќе игра во престижната Евро Лига.