Хрватите се извлекоа на Максимир

Хрватите се извлекоа на Максимир

March 22, 2019 0 By Admin

Светскиот вице-шампион многу потешко од очекувањата ги освои 3те бода против аутсајдерот Азербејџан.

Во полн состав Хрватите се намачија пред своите гледачи, во првото коло од квалификациите за Евро 2020 во групата Е.

Во 19та минута Шејдаев со соло акција го “замолкна” Максимир. Хрватските репрезентативци немаа идеја во нападот, па изгледаше дека гостите ќе одат со предност на полувреме, но во 44та минута Баришиќ беше прецизен и ги врати Хрватите во игра.

Во второто полувреме домашните играчи ја имаа топката во свој посед, но без некоја посериозна шанса се до 79та минута кога Крамариќ со шут надвор од казнетиот простор и ги донесе трите бода на својата репрезентација.

Хрватите ќе мораат да одиграат многу подобро за два дена на гостувањето во Будимпешта ако сакаат да ја запишат втората победа во овие квалифиации.