Победа за јубилејната “стотка” на Пандев

Победа за јубилејната “стотка” на Пандев

March 22, 2019 0 By Admin

Македонскиот национален тим со победа ги отвори квалификациите за ЕП2020 против репрезентацијата на Летонија.

Овој натпревар имаше посебно значење за Горан Пандев кој го одиграа својот 100ти натревар во репрезентативнит дрес.

Не успеа да се запише во стрелците, но одигра одличен натпревар и му беше асистент на Алиоски за отварање на резултатот во 11та минута од мечот.

Нашите фудбалери одиграа мирно, дисциплинирано речиси во текот на целиот натпревар и не им оставија многу простор за игра на Латвијците.

Во 23та минута Елмас го замени повредениот Хасани, и го искористи тоа најдобро што можеше. За само 5 минути поминати на теренот го совлада гостинскиот голман и го зголеми резултатот на 2-0.

Проблемите за селекторот на Латвија продолжија, па така во во 33та минута мораше да го извади од игра првиот голман Стеинборс поради повреда.

Нашите фудбалери во второто полувреме ја имаа контролата врз играта, и успеаја да ја задржат предноста се до 87та минута , кога после еден центаршут на гостите од слободен удар, Велковски ја загуби концентрацијата и несреќно си постигна авто-гол.

Латвијците се разбудија и тргнаа многу поофанзивно кон нашиот гол, но во преголемата желба , Циганикс доби втор жолт картон во последната минута, па мораше порано да замине во соблекувалната.

Репрезентативните на Македонија го искористија ова, и во третата минута од продолжението Елмас ги постави конечните 3-1 за Македонија.

Во групата Г каде што се наоѓа Македонија, Полска ја победи Австрија во Виена со 0-1, додека нашиот следен противник одигра нерешено во Израел (1-1).