Белгија и Холандија сигурни

Белгија и Холандија сигурни

March 22, 2019 0 By Admin

Вчера се одиграа натпреварите од првото коло во квалификациите за европското првенство 2020та година во групите Ц, Е, Г и И.

Во групата Ц, репрезентацијата на Холандија на домашен терен одигра одличен натпревар во текот на сите 90 минути и убедливо ја совлада Белорусија со 4-0. Уште во првата минута Мемфис Депај искористи грешка во одбраната на Белорусија, и мирно реализираше од непосредна близина на голот.

По ова брзо отварање на резултатот, Белорусите веднааш тргнаа поофанзивно кон противничкиот гол но веќе во 21та минута, Вајналдум со одличен шут зголеми на 2-0, резултат со кој играчите заминаа на полувреме.

Во вториот дел, Депај повторно се запишува во листата на стрелците, овојпат од пенал во 55та минута, за точка на натпреварот да стави играчот на Ливерпул Ван Дијк во 86та минута.

Во наредното коло Холанѓаните ја пречекуваат Германија во дербито на групата Ц.

Во соседството, во ист термин се одигра и мечот помеѓу Белгија и Русија, каде што Белгијците имаа рамноправен противник само во првото полувреме.

Тјелеманс и Азар беа стрелци за Белгија во првиот дел, додека Черишев, играчот на Валенсија успеа да се запише во стрелиците кај Русите.

Во второто полувреме Бачуај му асистираше за уште еден погодок за Азар, за конечни 3-1 за Белгија.

Во второто коло Белгија гостува на Кипар, додека Русија оди на уште едно гостување, овој пат во Казахстан.