Од утре почнуваат квалификациите за EURO 2020

Од утре почнуваат квалификациите за EURO 2020

March 20, 2019 0 By Admin

Од утре започнува групната фаза на квалификации за 16-тото европско првенство „Euro 2020“. Во 10 групи од кои 5 групи со по 5 репрезентации и 5 групи со по 6 репрезентации ќе се натпреваруваат 55 репрезентации со цел да се квалификуваат на наредното европско првентство кое наредната година ќе се одигра во 12 различни држави на Европскиот континент.

Арена Филип Втори

Нашата репрезентација во групата Г ќе се натпреварува со Полска, Австрија, Словенија, Латвија и Израел. Двете репрезентации кои ќе завршат на прво место во групата обезбедуваат пласман на Европското Првенство а нашата репрезентација утре на домашен терен ќе го одигра својот прв меч против Латвија на арената Филип Втори во Скопје со почеток од 20:45 часот.