Хуркаш енигма за Нишикори, Крајиновиќ игра во транс

Хуркаш енигма за Нишикори, Крајиновиќ игра во транс

March 12, 2019 0 By Admin

Лош почеток на денот за фаворитите во Индиан Велс. Осмина-финале изборија Филип Крајиновиќ, совладувајќи го Фаворизираниот Медведев, и Пољакот Хуркаш кој втор пат по ред беше подобар од Кеи Нишикори.

Србинот за само 1 час и 20 минути игра го испрати дома Данаил Медведев од Русија. Некаде до половината на првиот сет имаше изедначена борба, се додека во осмиот гем Крајиновиќ успеа да го „ брејкне“ Медведев. Од тој момент на теренот постоеше само еден тенисер. Медведев нижеше неизнудени грешки, играше премногу нервозно, па така после само 5 гема во вториот сет, младиот Србин имаше два брејка предност (4-1). Ваквата предност беше повеќе од доволна и на крајот Крајиновиќ триумфираше убедливо со 6-3 6-2. Во осмина-финалето Крајиновиќ го чека подобриот од дуелот Надал- Шварцман.

Вториот осмина-финален дуел кој започна во исто време како и мечот Крајиновиќ-Медведев, изненадувачки му припадна на Хуркаш од Полска.

Уште поголемо изненадување е фактот дека ова е втор пораз на Нишикори од овој противник во исто толку меча и тоа во период од само две недели.

И овој пат се играа три сета исто како и во првиот дуел во Дубаи оваа година, со тоа што овој пат Кеи поведе 1-0 во сетови, и се чинеше дека ќе му се одмазди на Хуркаш за поразот во Дубаи.

Во вториот сет Нишикори не искористи две врзани брејк топки за да поведе со 5-4 и да сервира за осмина-финале. Казна следеше веќе во следниот гем кога Јапонецот ја загуби концентрацијата и му дозволи на Хуркаш да изедначи во сетови.

На стартот на третиот сет Нишикори веднаш направи брејк, и изгледаше дека ќе има контрола до самиот крај, но не успеа ниту да го потврди брејкот. На резултат 3-2 за Хуркаш повторно го загуби сервисот и тука се одлучи и вториот учесник во осмина-финалето.

Хуркаш го чека подобриот од мечот Шаповалов- Чилиќ.