Силен дожд во Индијан Велс, Ѓоковиќ презакажан во 22:00

Силен дожд во Индијан Велс, Ѓоковиќ презакажан во 22:00

March 12, 2019 0 By Admin

Дождот во Калифорнија го прекина мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Филип Колшрајбер уште на самиот старт, поточно во вториот гем при сервис на Германецот. Мечот ќе продолжи во 22:00 часот по македонско време.

Ова е десети меѓусебен дуел помеѓу Ѓоковиќ и Колшрајбер, а предноста е на страна на Србинот ( 8-1 ). Нивниот последен меч е одигран баш тука во Индијан Велс во 2016 година , кога Ѓоковиќ во два сета 7-5 7-5 , беше подобар.

Ѓоковиќ во второто коло, што воедно му беше и првиот настап по 42 дена и победата во финалето на АО, го совлада Американецот Фратанџело со 7-5 6-2.

Колшрајбер до третото коло стигна после максималните победи против Пиер-Иги Ербер и Ник Кириос.

Победникот од дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Колшрајбер ќе игра против Гаел Монфис, кој убедливо го совлада Алберт Рамос со 6-0 6-3.