Роналдо: Уживам во Италија и среќен сум во Јувентус

Роналдо: Уживам во Италија и среќен сум во Јувентус

March 12, 2019 0 By Admin

Португалецот очигледно е во одлично расположение пред натпреварот со Атлетико, што уште повеќе ги охрабрува фановите на Јувентус дека ќе можат да ја надминат предноста од 2-0 која ја имаат Шпанците.

Во кратко интервју за „ Јувентус ТВ “„ Роналдо вели: Едноставно немам некои тајни. Посветен сум, и имам огромна страст кон овој спорт. Сакам да играм фудбал повеќе од било што друго. Поминав прекрасни времиња во Англија, Португалија и Шпанија, па еве сега и во Италија. Задоволство ми е да давам голови и да му помагам на мојот тим да дојде до победа. Среќен сум. “

Со Роналдо, Јувентус сеуште нема загубено на 27 натпревари во домашното првенство, па така поразот во Мадрид фрли сенка на петте последователни победи во Серија А.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид досега во кариерата има постигнато импресивни 697 голови на 984 натпревари. 22 погодока од овие се против екипата на Атлетико Мадрид, па така Роналдо е уверен дека сеуште има шанси да се пласира во четврт-финалето со својата нова екипа.

„ Сите знаат дека се силен тим кој се брани одлично, не превземаат многу ризици и нивните контра напади се екстремно опасни, но ние сме подготвени и ќе направиме се што можеме да ги победиме“ – вели Кристијано Роналдо.