Вардар со победа ја затвори сезоната во СЕХА лигата

Вардар со победа ја затвори сезоната во СЕХА лигата

March 12, 2019 0 By Admin

Вардарци со победата во Љубушки кај тимот на Извиѓач 28-31 (10-16), ја завршија сезоната во СЕХА Газпром лигата.

Со комбиниран состав, без шестмина стандардни првотимци, македонскиот шампион одигра еден сигурен, но и по малку неконзистентен натпревар, особено во второто полувреме.

Секако дека ракометарите на Вардар одеа на победа, но мечот резултатски и немаше некое значење. По комплетирањето на целото коло, ќе бидат познати двојките на фајнл-фор турнирот, кој оваа година ќе се игра во Брест, Белорусија.

Во тимот на Вардар најефикасен беше Поповски со 9 погодоци, додека кај домаќините се истакна Ивановиќ со 8 гола.