Иво, има ли крај !?

Иво, има ли крај !?

March 7, 2019 0 By Admin

Имате 40 години од кои речиси 20 сте професионалец, кариерата ви е во константна надолна линија, немате шанси за некој позначаен резултат на големите турнири и имате заработено 9.400.000 долари. Време е за пензија? Веројатно да, но „џинот“ од Загреб сеуште е заљубен во рекетот ( читај сервисот) и топчето ( читај волејот ).

Дуди Села и Иво Карловиќ

Роден е на 28 февруари 1979 година во Загреб. Еден е од највисоките тенисери во историјата со висина од 211цм . Има освоено 8 титули во кариерата помеѓу 2007 и 2016та година. Неговата кариера трае речиси 20 години, а крајот сеуште не е на повидок.

Ако се прашувате како човек кој е висок преку 2 метри, успева да игра на 40 години и сеуште да опстојува во првите 100 на светот ( моментално е на 89 место ) , одговорот е едноставен. Иво не игра. Да, не игра, Иво сервира.

Токму така, целата игра на Карловиќ се базира на сервис-волеј играта, која речиси да е изумрена кај помладите тенисери. Освен Карловиќ, кој баш целосно својата игра ја заснова се сервис-волејот, делумно оваа „стара школа“ ја практикуваат Фелисиано Лопез и Роџер Федерер.

Кај Карловиќ се се врти околу сервисот. На негов сервис поените во просек траат 3-4 размени ( вклучувајќи го сервисот и ритернот ), а ништо подолго и на противнички сервис кога после ритернот веднаш излегува на мрежа. Иво е еден од четворицата тенисери во историјата кои одсервирале преку 10 000 аса во кариерата, има одиграно најмногу тај-брејкови во кариерата, а до пред некое време го држеше и рекордот за најбрз ас ( 251 km/h), се додека Сем Грот од Австралија не „тресна“ со 263 km/h.

Впрочем целата своја кариера Карловиќ смиерено ги добива гемовите на свој сервис, а на противниците не им останува ништо друго освен да чекаат на тај -брејкот, да се шетаат од ѓус на предност страната, и евентуално да се надеваат на некоја бубачка во окото на Карловиќ. Дури и „големата четворка “ е тотално беспомошна против ваков џин, па неретко „доктор Иво “ ( никој не знае зошто доктор, а не е сигурно затоа што носи 51 број на патики ), им зема мерка и на Надал, Федерер, Ѓоковиќ.

Иво играј се додека ти се сервира, не е твоја работа што Феликс Аужер не бил роден кога ти започнала кариерата.