Што да очекуваме во Дортмунд и Мадрид ?

Што да очекуваме во Дортмунд и Мадрид ?

March 5, 2019 0 By Admin

Вечерва во 21:00 часот се играат реванш-натпреварите од осмина финалето во лигата на шампионите. Во првите мечеви Тотенхем ја победи Борусија Дортмунд со 3-0 на домашен терен, додека „кралевите“ со 2-1 во Амстердам, драстично им ги намалија шансите на фудбалерите на Ајакс за евентуално изненадување. Но дали реваншите вечерва ќе бидат чиста формалност, или пак не очекува некој вид на неизвеснот барем во еден од мечевите ?

Иако резултатот од првиот меч , не ја покажува вистинската слика за соодносот на силите меѓу овие две екипи, Дортмунд ќе има исклучително тешка задача да обезбеди пласман во четврт- финалето. И покрај она фамозно „ Германците играат додека судијата не свири крај “, вечерва „милионерите“ ќе треба да го изиграат мечот на животот, а за возврат до очекуваат очајна партија на фудбалерите на Тотенхем, на кои на рака им оди и фактот дека Кејн се враќа вечерва во составот. Факт е дека Борусија нема да се предаде, дека агресивно ќе тргне уште од самиот старт, и несомнено ќе имаат огромна поддршка од домашните навивачи, но просторот за некакво чудо е сведен на минимум. Сепак остануваат уште 90 минути кои вреди да ги испратиме до крај.

Вториот патник во четрвт-финалето исто така изгледа како да е решен во првиот меч. Тешко е да се процени дали Ајакс за нијанса е во подобра или полоша позиција од екипата на Дортмунд.

Факт е дека Реал оваа сезона игра променливо со доста падови во формата како и во самата игра. Нешто што им дава за право на играчите на Ајакс да се надеваат е тоа што Реал во последните 4 средби има 1 победа и 3 изгубени натпревари. На двата натпревара против Барселона на домашен терен не успеаа да постигнат гол, а примија четири. Суарез буквално ги посрами на Сантијано Бернабе со хет трик и само ја продлабочи кризата во Реал. Но да не заборавиме дека Реал Мадрид последните неколку сезони изгледа како две различни екипи кога станува збор за шпанското првенство и лигата на шампионинте, а потврда за тоа се трите последователни титули во европското натпреварување. Сепак Тадиќ, Де Јонг и друштвото немаат што да изгубат, па и тука веројатно не очекува добар фудбал, и се надеваме барем некаква неизвесност.