Лејкерси се подалеку од плеј-оф, дебакл на Далас во Бруклин

Лејкерси се подалеку од плеј-оф, дебакл на Далас во Бруклин

March 5, 2019 0 By Admin

NBA лигата влегува во финишот од регуларната сезона. Време за калкулации се помалку, се стегаат одбраните, секој кош е битен.

Денеска по полноќ се одиграа 7 меча во најдобрата кошаркарска лига во светот, во кои имавме прилично неочекувани резултати.

На источниот брег, во Бруклин, Маверикс и Лука Дончиќ претрпеа дебакл, па така се поочигледно е отсуството на Порзингис, како и лошата одлука на управата да го трејдува Харисон Барнс во Сакпаменто.

Мајами потешко од очекуваното ја совлада екипата на Атланта, додека Денвер повторно врза 3 пораза после вчерашниот меч во Сан Антонио. Можеби најголемото изненадување го приреди втората најслаба екипа во лигата, Феникс, победувајќи го лидерот на истокот а воедно и во целата лига, екипата на Милвоки Бакс.

Изненадување направи и Њу Орлеанс на гостински терен против Јута, додека Сакраменто беше сигурен пред своја публика против Никс.

Леброн Џејмс најверојатно оваа сезона ќе остане без плеј-оф. Се поголема и поочигледна е неговата фрустрација во ЛА. Овој пат го загубија дербито во Стејплс Центарот против Клиперси , и сега се чекор подалеку од осмата позиција.