Вардар против Загреб во лигата на шампионите, во „битка“ за Балканот

Вардар против Загреб во лигата на шампионите, во „битка“ за Балканот

March 4, 2019 0 By Admin

Европскиот шампион од 2017 година, во осмина-финалето од лигата на шампионите ќе игра против хрватски Загреб. Ракометарите на Вардар, имаа и малку среќа , бидејќи доколку Загреб успеа денеска да го победи Пик Сегед, за противник ќе ја добиеја екипата на Мотор, далеку поопасен и поконкурентен тим од Загреб. Датумот за одигрување на двата меча е сеуште непознат.

Останатите двојки се Спортинг-Веспрем, Пик Сегед-Висла Плок, Мешков Брест-Флензбург, Мотор-Кјелце и Рајн Некар против Нант, екипа во која настапува Кире Лазаров. Екипита на ПСЖ и Барселона ќе се приклучат во четврт – финалето бидејќи завршија како првопласирани во своите групи.