Федерер повторно се „ извлече“

Федерер повторно се „ извлече“

February 27, 2019 0 By Admin

Швајцарецот во второто коло на турнирот во Дубаи го совлада Фернандо Вердаско со 2:1 во сетови ( 6-3: 3-6: 6:3 )

Потешко од очекуваното Федерер успеа да се пласира во третото коло во Дубаи. Неговата форма сеуште не е на завидно ниво, имајќи предвид дека во првото коло исто така мораше да игра 3 сета против ветеранот Колшрајбер..

Во првиот сет еден брејк беше доволен за Федерер да поведе со 1-0. Вердаско се мачеше со сервисот, правеше неизнудени грешки, не се чувствуваше најдобро на теренот, нешто што искусниот Роџер мораше да го искористи.

На стартот на вториот сет, Федерер веднаш дојде до прилика за брејк и во тој момент изгледаше дека мечот рутиски ќе го приведе кон крајот, но Вердаско имаше други планови. Со два добри сервиса и „потпомгнат“ со неизнудена грешка на Федерер го сочува својот сервис, и веднаш потоа во еден долг гем на сервис на Швајцарецот успеа да направи брејк, кој успеа да го сочува до крајот на сетот, што воедно беше втор сет кој Вердаско го освојува против Роџер во кариерата.

Во третиот сет двата тенисера беа сигурни на свој сервис па се очекуваше одлуката за тоа кој ќе му биде противник на Унгарецот Мартон Фуцович во третото коло , да падне во тај-брејк. Но на резултат 4:3 за Федерер, Вердаско одигра очаен сервис гем, што можеби и му е карактеристика кога мечот влегува во напната завршница. Федерер направи брејк, потоа смирено и во стил го заврши мечот без изгубен поен на свој сервис во финалниот гем.

Можеби во овој меч Фердаско ја испушти најдобрата прилика да го совлада Федерер за прв пат во кариерата, но сепак ќе мора да чека некоја друга шанса.

Федерер во трето коло ќе игра против Мартон Фуцович. Ова ќе биде нивен втор дуел во кариерата, после оној во Мелбурн на Австалија Опен, во кој Федерер славеше рутински со 3:0.